недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти тврди дека фудбалските ѕвезди имаат проблем со искреноста: Само двајца играчи побарале да ги одморам!

Анчелоти тврди дека фудбалските ѕвезди имаат проблем со искреноста: Само двајца играчи побарале да ги одморам!

Карло Анчелоти призна дека Карим Бензема почувствуал мало преоптеретување на мускулот и поради тоа не се појавил на денешниот тренинг на Реал Мадрид, но нагласи дека не станува збор за ништо сериозно и дека можно е да биде во комбинација за мечот со Хетафе, иако првичниот план му е да го одмори.

Французинот се врати од повреда и одигра два интензивни натпревари против Осасуна и Шахтјор, а истите направиле да почувствува замор кој сега го тера Карло Анчелоти да преземе специфичен план за напаѓачот.

– Карим одигра два меча во низа после еден месец пауза и малку е изморен. Не е прецртан за утрешниот меч со Хетафе и може да биде дел од натпреварот. Нема простор за никаква загриженост, ќе видиме како ќе се одвиваат работите до утре, можно е и да паузира, – изјави Анчелоти, кој вели дека за него како тренер, многу подобро е кога играчите сами признаваат дека не се чувствуваат најдобро.

Во својата богата тренерска кариера, Анчелоти открива дека само во два случаи негови играчи побарале да не играат на еден натпревар, што само го потврдува фактот кој вели дека фудбалските ѕвезди никогаш не сакаат да одморат.

– Би било многу полесно за сите ако играчите знаат да го препознаат заморот на време. Но, играчите не се баш најискрени во овој поглед. Постојано велат дека се во ред, а кога не се искрени, често доаѓа до повреди. За мене како тренер, најдобро е играчите сами да ми кажат кога не се добри. Но во 30 години работа како тренер, само два пати мои играчи побарале да не ги играм. Пепе во финале во Лигата на шампионите и Сидорф во натпревар од домашното првенство, – откри Анчелоти.