вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Знаевме дека Белингем е топ-играч, Модриќ го смени текот на дербито

Анчелоти: Знаевме дека Белингем е топ-играч, Модриќ го смени текот на дербито

Џуд Белингем е херојот на Реал Мадрид во големата победа во Барселона, но тренерот Карло Анчелоти како клучен играч во големата пресметка го истакна Лука Модриќ.

Реал долго се мачеше да воспостави контрола на средината на теренот, но кога Модриќ влезе на местото на Крос во 62. минута „кралевите“ конечно почнаа подолго да ја задржуваат топката во свој посед, да креираат шанси, на крајот и со голем пресврт да стигнат до победата.

„Да бидам искрен, сите сме изненадени од Белингем и бројот на голови што ги постигна. Нормално, знаевме дека е одличен играч, но никој не очекуваше толку многу важни погодоци во првите месеци во клубот, пресреќни сме што го имаме. Секоја чест за головите денеска, но мислам дека Лука Модриќ беше играчот што го смени текот на натпреварот. Ја задржа топката кај себе, го контролираше ритамот, креираше на средината од теренот. Лука беше клучен во нашиот пресврт“, прокоментира Анчелоти.