петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Андреа Белоти во Рома ќе остане до 2025 година

Андреа Белоти во Рома ќе остане до 2025 година

Италијанскиот фудбалски клуб Рома ја активираше опцијата за продолжување на договорот со фудбалерот Андреа Белоти.

Договорот е склучен во 2022 година на една година, со можност за продолжување за уште две сезони. Така, сега договорот со напаѓачот е со важност до 2025 година.

По заминувањето од Торино, Белоти се уште нема гол за Рома во Серија А. На 31 натпревар во првенството имаше само 2 асистенции.