Македонската фудбалска репрезентација ја „стресе чизмата“ и приреди шок за цела италијанска фудбалска јавност, откако со голот на Александар Трајковски синоќа го елиминира европскиот првак од баражот за Мундијалот во Катар.
Честитки за хероите пристигнуваат од сите страни. Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски се огласи на социјалните мрежи.
„Момци, ви честитам од срце за победата против Италија, актуелниот европски шампион. Уште еден чекор до Светското првенство во Катар. НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“, напиша човекот кој ја одведе Македонија на Европското првенство минатата година.
Неговиот наследник Милевски има шанса за првпат да ја одведе Македонија на Светско првенство Победа против Португалија во вторник навечер е последната пречка до мундијалскиот сон.