Фудбалската репрезентација на Англија ја декласира Украина со 4-0 и се пласираше во полуфиналето на Европското првенство каде ќе игра против Данска.
На Олимпико во Рим, резултатот беше отворен уште во четвртата минута кога по асистенција од Стерлинг, Хари Кејн постигна гол за водство од 1-0.
Самиот почеток на второто полувреме донесе втор гол за Англија, по нафрлување на Лук Шо, Мегваер постигна гол со глава за водство од 2-0.
Само четири минути подоцна, повторно асистенција на Шо, овој пат до главата на Кејн кој со својот втор гол донесе предност од 3-0. Веќе се беше решено.
Во 63. минута Маунт нафрли до Хендерсон кој со својот прв гол за англиската репрезентација ги постави конечните 4-0.
Во полуфиналето Англија се враќа на Вембли, а последна пречка до финалниот меч им е селекцијата на Данска.