Светското првенство во Катар по многу работи е рекордно во историјата. Победникот Аргентина ќе добие 42 милиони долари од Светската фудбалска федерација (ФИФА), додека поразената Франција ќе си замине со 30 милиони долари
Третопласираната инкасираше 27 милиони долари, додека Мароко каако четвртопласирани добија 25 милиони долари.
Обештетување ќе добијат и клубовите кои дадоа репрезентативци на Светското првенство, а рекорди се соборени и по исполнетост на трибините, цена на билетите, луксуз на новите стадиони и уште многу други детали.
Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада заеднички ќе го организираат следното Светско првенство во 2026 година.