вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аргентина не е најдобра репрезентација на светот, прв е Бразил

Аргентина не е најдобра репрезентација на светот, прв е Бразил

Фудбалот и математиката не секогаш се согласуваат. Аргентина го освои Светското првенство во Катар, но не е најдобрата репрезентација во светот. Така барем покажува рангирањето на ФИФА во последната пресметка за 2022 година.

Светската куќа на фудбалот повлече линија по финалето во Доха, а во првото рангирање по крајот на натпреварувањето Аргентинците се само втори. Верувале или не, тие гледаат во грбот на Бразилците кои останаа лидери, без разлика што ја напуштија Доха по елиминацијата во четврт-финалето.

Аргентина напредуваше за едно место во однос на претходниот октомвриски пресек, а причината што не е прва по редоследот е сложената математичка формула врз основа на која се пресметува се и сешто на голем примерок од натпревари и е тешко да се разбере, уште потешко да се објасни. И затоа составот на Лионел Скалони е втор.

Досегашниот светски првак Франција напредуваше за една позиција, Холандија за две, додека најголемиот пробив го направи Хрватска, со уште еден пласман во полуфиналето, од 12. на седмата позиција. Најрегресивни беа Шпанците, кои паднаа три скалила, сега се десетти.

Селекцијата која ја воодушеви планетата, Мароко, скокна од 22. на 11. место, додека Македонија останува на 65-тото место на ФИФА ранг-листата.

Топ 10 на ФИФА ранг-листата:

1. Бразил

2. Аргентина

3. Франција

4. Белгија

5. Англија

6. Холандија

7. Хрватска

8. Италија

9. Португалија

10. Шпанија