Аргентина со победата над Хрватска од 3:0 си обезбеди пласман во финалето на Светското првенството во Катар кое ќе се одигра оваа недела.
Сепак, светот остана подзинат кога виде како на неспортски начин Аргентинците одлучија да го прослават влезот во финалето.
Снимката која ја објави Пауло Дибала на ТикТок покажа неспортско однесување на репрезентативците, односно на луѓе од стручниот штаб за кој може да следуваат и казни од надлежните на Мундијалот во Катар.
На видеото се гледа како еден човек доаѓа и ги фрла во канта за ѓубре хрватските дресови кои ги разменија фудбалерите на Аргентина со нив.
View this post on Instagram
Подоцна еден од Аргентинците го извади дресот фрлен во кантата, но за жал видеото веднаш стана вирално…