среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Арсенал тргнува по Кансело

Арсенал тргнува по Кансело

„Топчиите“ уште не завршиле со летниот пазар на играчи, откако размислуваат за купување на Жоао Кансело од Манчестер Сити.

Арсенал минатото лето ги купија Габриел Жесус и Олександер Зинченко, а ова лето со купувањето на Каи Хаверц од Челси и најавениот трансфер на Деклан Рајс од Вест хем, тимот на Микел Артета мора да се смета за еден од фаворитите за премиерлигашката титула.

Кансело е „непожелен“ во тимот на Пеп Гвардиола, откако во јануари беше пратен на позајмица во Баерн Минхен, кои решија да не ја искористат опцијата за откуп на договорот од 70 милиони евра.

Кансело пристигна во Сити од Јувентус во 2019 и имаше 154 настапи и три титули од Премиерлигата со Сити.