понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Азар, најдобар белгиски фудбалер за 2017 година

Азар, најдобар белгиски фудбалер за 2017 година

Играчот на Челзи, Еден Азар е прогласен за најдобар белгиски фудбалер во 2017 година, победувајќи го Кевин Де Бруин од Манчестер Сити.

Азар, кој ја освои титулата во Премиер лигата минатата сезона, доби 326 гласови, 11 повеќе од Де Бруин, Мертенс е трет со 270 гласа.

– Ова е мојата прва награда во Белгија, сигурно не и последната. Мојот глас му го дадов на Мертенс кој имаше одлична година, постигна многу голови и играше во позиција која не беше неговата, рече Азар.

Првата ѕвезда на „сините“ од Лондон како лауреат го наследи Де Бруин, кој во изминатите две години беше избран за најдобар белгиски фудбалер.