четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн ја активира откупната клаузула, Хамес Родригез останува кај германскиот шампион

Според шпанските медиуми, тренерот Јуп Хејнкес инсистирал Хамес да остане во тимот
Баерн ја активира откупната клаузула, Хамес Родригез останува кај германскиот шампион

Хамес Родригез ќе остане во Баерн Минхен и по завршувањето на двeгодишната позајмица од Реал Мадрид, бидејќи Баварците ќе ја активираат откупната клаузула.

Раководството на германскиот шампион ја информираше управата на Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, тренерот Јуп Хејнкес инсистирал Хамес да остане во тимот.

Минатата година Родригез пристигна во Минхен за 13 милиони евра како позајмен играч. Заедно со откупната клаузула од 42 милиони евра, Баерн за него ќе плати 55 милиони евра.

Тој досега одигра 28 натпревари, а постигна пет гола и запиша и 11 асистенции.