сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн Минхен го промовира првото засилување за наредната сезона

Баерн Минхен го промовира првото засилување за наредната сезона

Екипата на Баерн Минхен го претстави првото засилување за следната сезона. Нов член на „баварците“ е Нусаир Мазрауи од редовите на Ајакс.

24-годишниот Мароканец кој настапува на десната бековска позиција во Минхен доаѓа како слободен играч. Му истече договорот со Ајакс, па ги напушти „копјаниците“ без обештетување.

Договорот меѓу Баерн Минхен и Мазрауи е до јуни 2026 година. За Мароканецот ова ќе биде прва авантура надвор од Холандија затоа што досега како професионалец играше само за Ајакс.