среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн Минхен со победа ја почна одбраната на титулата во Бундеслигата

Баерн Минхен со победа ја почна одбраната на титулата во Бундеслигата

Баерн Минхен го освлада Хофенхајм со 3:1 во првото коло од Бундеслигата.

За новиот тренер на актуелниот шампион, Нико Ковач, ова е прва победа во германската лига и со триумф ја започна одбраната на титулата.

Иако Хофенајм пружи сериозен отпор на теренот, сепак Баерн во финишот на натпреварот успеа да стигне до победа.

Баерн поведе во 23-та минута со голот на Томас Милер, но во почетокот на вториот дел Адам Салаи со гол во 56-та минута донесе израмнување од 1:1.

Во 82-та минута Баерн повторно дојде до водство од 2:1 со гол од пенал, кој успешно го реализираше Роберт Левандовски, а Ариен Робен во 90-та минута ги постави конечните 3:2.

Натпреварот го одбележи и повредата на фудбалерот на Баерн, Кингсли Коман, во првото полувреме.