Еден од најконтроверзните фудбалери во светот, Марио Балотели остана без место во репрезентацијата на Италија за мечот против Македонија, а на крајот неговите сонародници изгубија со 0-1 во Палермо.
Овој 32-годишен напаѓач даде коментар за тоа што не бил на последниот список на селекторот Роберто Манчини.
„Селекторот си ги бира фудбалерите. Светското првенство е во декември и да се пласиравме имаше можност и јас да заиграм. Се надевав дека дотогаш ќе изборам повик, меѓутоа изгубив голема шанса“, вели Балотели.
Балотели, сепак, не мисли дека со него Италија сигурно ќе ја елиминирала Македонија, но сепак ќе имале поголеми шанси за гол.
„Добар сум пред противничкиот гол, но тоа не значи дека ќе победевме ако играв. Меѓутоа, ќе имавме поголеми шанси да постигнеме гол“, кажа напаѓачот.