четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона криела дека има пет заразени играчи?

Барселона криела дека има пет заразени играчи?

После скоро три месеци пауза, сезоната во шпанската „Ла Лига“ ќе продолжи на 12 јуни со андалузиското дерби помеѓу Севиља и Бетис.

Во Шпанија ќе има фудбал скоро секој ден, направен е распоред со цел шампионатот да заврши до почетокот на август. Пред да продолжи сезоната, клубовите мораат да се тестираат неколку пати на коронавирус.

За среќа немаше многу заразени играчи во таа земја, но според каталонското радио „RAC 1“, не баш сите клубови ја објавуваа вистината.

Изворот вели дека имаше заразени и во екипата на Барселона, според информациите дури пет играчи, а освен фудбалерите, и двајца членови на тренерскиот тим имаа позитивни тестови на Ковид-19.

Никој од нив не покажуваше симптоми и брзо се опоравија, но многумина се чудат зошто тоа Барса не го објави.