понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белгија го испрати големиот Бразил дома – „Кариоките“ си заминуваат со наведната глава

Белгија го испрати големиот Бразил дома – „Кариоките“ си заминуваат со наведната глава

Селекцијата на Белгија успеа да го победи силниот Бразил со 2:1 и по голема битка да се пласира во полуфиналето од Мундијалот во Русија.

Во првиот дел се случи тотален шок за Бразил, Белгијците до полувреме веќе водеа со 2:0 и се изгледаше недостижно за „кариоките“.

Автоголот на Фернандињо и прекрасниот гол од контра на Де Бруин ја вивнаа Белгија кон патоказот кон полуфиналето, а Бразил изгледаше тотално отсутен.

Во вториот дел, Бразил ги зби своите редови, заиграа поангажирано и играта вроди со плод. Во 65. минута се случи ВАР ситуација, по која веројатно Бразил беше оштетен за пенал, но не беше досуден, за неколку минути подоцна, Аугусто да намали на 2:1, за враќање на неизвесноста.

Кон крајот на натпреварот, Бразил ја наметна својата игра и го префрли притисокот кон голот на Белгија, Нејмар имаше фантастична шанса да изедначи, но корпулентниот Куртоа ги спаси „ѓаволите“ со извонредна одбрана.

Белгија сега во полуфиналето ќе ги одмери силите против Франција.