вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белгија последен четвртфиналист на ЕП

Белгија последен четвртфиналист на ЕП

Фудбалерките на Белгија ја совладаа синоќа Италија со минимални 1-0 во последното коло од групата Д на Европското првенство во Англија, што им го донесе второто место и пласман во четвртфиналето, во кое претходно се пласираше Франција со ремито 1-1 против Исланд.

Победата вредна четвртфинале на Белгија им ја донесе Тине Де Каигну во 49 минута.

Французинките со седум бодови го освоија првото место во групата Д, а Белгија заврши второпласирана со четири бодови. Иако не доживеаја ниту еден пораз, Исланѓанките со три нерешени натпревари останаа без пласман во четвртфиналето завршувајќи третопласирани, пред Италија, која со еден бод остана последно пласирана во групата.

Четвртфиналните пресметки се на програмата од среда до сабота, а се среќаваат: Англија – Шпанија, Германија – Австрија, Шведска – Белгија и Франција – Холандија.