Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез оцени дека отсуството на „незаменливиот“ Ромелу Лукаку од претстојното Светско првенство во Катар ќе ја принуди екипата да го смени начинот на игра.
Лукаку се бори со повреда на тетивата на коленото, откако дури неодамна се врати на теренот по двомесечна пауза и неговиот настап на Мундијалот е неизвесен.
Докторот на белгиската репрезентација Кристоф Сас ја опиша најновата повреда на Лукаку како „пречка“, а не финален удар врз шансите на напаѓачот за настап на СП
-Ова не е крај на проблемите, но е назадување на самиот играч, неговиот клуб и белгиската репрезентација, рече Сас.