четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белоти потпиша за Рома

Белоти потпиша за Рома

Андреа Белоти се согласи да се приклучи на Рома со необичен договор на една сезона со опција за уште две години на „Олимпико“, објаснувајќи дека амбициите на клубот под Жозе Мурињо го привлекле кај „волчицата“.

„Амбициите и растот на Рома се јасни за сите и тоа беше најголемиот магнет. Во овој дел од мојата кариера, сакам да бидам уште подобар и мислам дека тоа можам да го направам воовој клуб. Сега, едвај чекам да ја чујам химната на стадионот, пред нашите фанови“, вели Белоти.

Белоти има 106 гола во 270 меча во Серија А за Торино и Палермо, каде што беше колега со Пауло Дибала.