Поранешниот тренер на Ливерпул, Рафаел Бенитез ги сподели своите очекувања од финалето на Лигата на шампионите каде за противник ќе го има Реал Мадрид.
– Реал Мадрид има квалитет и искуство за успех, но Ливерпул може да победи. Тие имаат страст, интензитет, желба да победат, силни играчи. Секој зборува за „чудото во Истанбул“, но овој тим е посилен од мојот, истакна Бенитез.
Под негово водство „црвените“ пред 13 години во финалето на Лигата на шампионите го освоија шампионскиот трофеј. Тие во Истанбул го победија Милан на пенали, иако по првото полувреме губеа со 3:0.
Натпреварот Реал – Ливерпул ќе се игра во Киев в сабота (26 мај) со почеток во 20 часот и 45 минути.