недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бенитез: Наполи го има она што е потребно за да ја освои Серија А

Бенитез: Наполи го има она што е потребно за да ја освои Серија А

Поранешниот тренер на Наполи, Рафаел Бенитез зборуваше за своите размислувања за позицијата на тимот во Италијанското фудбалско првенство.

-Нема да давам прогнози на тема освојување на шампионатот, подобро е да молчиме. Но, тимот има се што ви треба – ентузијазам, квалитет на игра, пристап. Паузата за Светското првенство, може да помогне, да ја освежи силата на тимот, ги цитира „Pianetamilan.it“ зборовите на Бенитез.

Наполи не е шампион на Италија од 1990 година. По 15 кола, тимот води со осум бода предност од најблискиот на табелата во Серија А.