Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е прогласен за играч на годината во Лигата на шампионите.
Триесет и четиригодишниот Французин стана најдобар стрелец на турнирот со 15 голови.
Бензема со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и во финалето го совлада Ливерпул со 1:0.
Францускиот фудбалер по петти пат во кариерата стана победник на турнирот. Бензема исто така беше именуван во „Ол-стар“ тимот на Лигата на шампионите 2021/22.
За најдобар млад играч на турнирот е прогласен Винисиус Жуниор, исто така од Реал Мадрид.