Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема постигна два гола синоќа на мечот со Селта од Шпанското фудбалско првенство (2:1).
Французинот ги постигна 215 и 216 гола за Реал Мадрид во шпанската Примера и се искачи на третото место во историјата на клубот, израмнувајќи се со Алфредо ди Стефано.
Рекордер во оваа статистичка категорија е Кристијано Роналдо со 312 гола. Пред Бензема е и долгогодишниот капитен и легенда на „кралскиот клуб“ Раул Гонзалес со 228 постигнати голови.