петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бензема се збогува од францускиот дрес

Бензема се збогува од францускиот дрес

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, објави денеска преку социјалните мрежи дека веќе нема да настапува за француската репрезентација за која во текот на кариерата собра 97 настапи и постигна 37 голови.

„Ја испишав својата приказна, а на нашиот заеднички пат дојде до својот крај“, напиша Бензема, кој денеска го прославува својот 35. роденден.

За разлика од трофејната кариера на клупски план со Лион, а особено со Реал, Бензема немаше многу успеси со Франција. Тој не беше дел од составот кој во 2018 година ја освои светската титула, а Мундијалот во Катар го пропушти поради повреда.

Но, додека траеше турнирот Бензема ја залечи повредата и можеше да ѝ се приклучи на репрезентацијата, меѓутоа селекторот Дидие Дешамп не сакаше да одговори на прашањето дали дополнително ќе го повика освојувачот на Златната топка, а и самиот Бензема во еден момент преку социјални мрежи порача дека „не е заинтересиран“.

Единствениот трофеј со Франција го освои во 2021 година во Лигата на нации.  (МИА)