Поранешниот сопственик на италијанскиот фудбалски клуб Милан, Силвио Берлускони, најави дека повторно размислува да го купи клубот.
Минатата сезона Берлускони го продаде Милан на кинески конзорциум, а претходно над триесет години успешно го водеше клубот.
Милан оваа сезона речиси сигурно нема да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а Берлускони не го крие разочарувањето од резултатите, како и од мерките преземени од страна на новите сопственици.
– На крајот повторно ќе го купам Милан. Многумина ме премислуваат и ме прашуваат зошто би направил такво нешто. Бидејќи поради тоа изгубивме добар процент на гласови на неодамнешните избори, наведува во свој стил поранешниот сопственик на клубот.
Берлускони раководеше со Милан од 1986 година, а во тој период клубот меѓу останатите трофеи петпати ја освои Лигата на шампионите, осум пати Серија А и три пати светската клупска титула.