петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бернардески нема да му помогне на Јувентус во дуелот со Лацио поради дисквалификација

Бернардески нема да му помогне на Јувентус во дуелот со Лацио поради дисквалификација

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески нема да игра на натпреварот од 34. коло од Серија А против Лацио, поради акумулирани жолти картони.

Бернардески доби жолт картон вчеравечер во натпреварот од 33. коло против Сасуоло.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер оваа сезона има одиграно 33 натпревари за Јувентус, постигна еден гол и две асистенции.

Дербито Јувентус – Лацио кое може да биде решавачко за шампионскиот трофеј во Серија А е закажано за 20 јули.

По 33 кола Јувентус е прв со 77 бода, Аталанта е втора со 70, Лацио има 69. (МИА)