недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бернардески нема намера да го напушти Јувентус

Бернардески нема намера да го напушти Јувентус

Напаѓачот на Јувентус, Федерико Бернардески нема да го напушти тимот, пренесува „Tuttosport“.

Според изворот, 26-годишниот Италијанец нема планови да го смени клубот, и покрај понудите кои доаѓаат од Наполи и Атлетико Мадрид.

Во сезоната 2019/20, Бернардески одигра 38 натпревари за Јувентус, постигнувајќи два гола и три асистенции.

„Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Италијанецот на 28 милиони евра. (МИА)