Португалскиот фудбалер Бернардо Силва, е последен во низата играчи на Манчестер Сити кои се здобија со повреда и нема да биде во составот следните две недели. Тој е петти играч кој се повредува сезонава, а пред него во „болницата“ се придружија Кевин Де Брујне, Матео Ковачиќ, Џон Стоунс и Џек Грилиш.
„Голема среќа е што не се работи за многу сериозна повреда. Офанзивната линија ни е значително ослабена поради отсуствата, но мораме да бидеме силни и во вакви моменти. Играчите имаат многу натпревари во распоредот, физичкиот напор е огромен и ваквите повреди не треба да не зачудуваат.
Одамна се зборува за густиот распоред, но ја прифаќаме ситуацијата каква што е. Ако има помалку мечеви, ќе има и помалку повреди. Имавме напоред период, се надевам дека Бернардо многу бргу ќе се приклучи на тимот и ќе започне со тренинзите“, изјави менаџерот Пеп Гвардиола.