недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Бев на забар кога ми се јавија и ми кажаа да се пакувам, одам на Светско првенство“

„Бев на забар кога ми се јавија и ми кажаа да се пакувам, одам на Светско првенство“

Тиаго Алмада откри дека бил на забар кога добил повик од селекторот на Аргентина и известување дека мора да се пакува и веднаш да пристигне во Катар.

Тиаго Алмада и Анхел Кореа се двете имиња кои дополнително добија повик за настап на мундијалот откако Хоакин Кореа и Нико Гонзалез отпаднаа поради повреди.

21 годишниот фудбалер на Атланта откри дека бил на забар кога добил повик од селекторот Лионел Скалони.

„Бев на забар кога ми се јавија… ми кажаа да се пакувам, „Одиш на Светско првенство!“ Не можам да ви опишам колку бев среќен. Подготвен сум да помогнам на било кој начин“ – вели Тиаго Алмада.