недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Блатер: Мундијалот не е експериментално зајаче

Блатер: Мундијалот не е експериментално зајаче

Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) Сеп Блатер го повика актуелното раководство да не го користи Светското првенство како експериментално зајаче.

Швајцарецот смета дека најголемиот фудбалски собир не е место за експериментирање со системот за решавање спорни ситуации наречен ВАР.

– Не смее да се користи Светското првенство како експериментално зајаче за таква голема промена во фудбалот. Ќе биде погрешно. Премногу е рано и системот се уште не е користена во доволен број држави, за да бидат собрани сите искуства, изјави поранешниот прв човек на ФИФА.

81-годишниот Блатер беше исфрлен од фудбалот во 2015 година по аферата со исплатени два милиона швајцарски франци кон поранешниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Мишел Платини.

Првично Блатер доби осумгодишна суспензија од фудбалот, а подоцна, апелационата комисија на ФИФА ја намали казната на шест години.