Единствен начин да се спречи ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, е со тимска игра. Ова го изјави дефанзивецот на Баерн Минхен, Џером Боатенг пред полуфиналниот натпревар меѓу двата тима во Лигата на шампионите.
Во првиот натпревар, Баварците го пречекуваат својот ривал на „Алијанц Арена“, а меѓу главните цели пред тимот на Јуп Хајнкес е неутрализирање на Роналдо, кој се наоѓа во одлична форма.
Португалецот има постигнато 15 голови на турнирот оваа сезона, откако имаше и голема заслуга за пласманот на тимот во полуфиналето на ЛШ.
– Можеме да го запреме Роналдо само ако играме како тим. Тој е како машина пред голот и затоа, искрено кажано, никогаш не можеш целосно да го неутрализираш. Благодарение на неговата брзина и совршен тајминг, тој секогаш добива шанса. Реал ја ориентира целата своја игра околу него и затоа е многу важно да не му оставиме слободен простор, изјави Боатенг.
Според германскиот репрезентативец, нема „покомплетен напаѓач од Роналдо“ и тој има „совршена контрола“ над сè што прави на теренот.
– Роналдо ги има и најдобрите соиграчи во Реал, додаде дефанзивецот на Баерн.
Натпртеварот се игра в среда од 20:45 часот.
МИА