среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бонучи е „избришан“ од првиот тим на Јувентус

Бонучи е „избришан“ од првиот тим на Јувентус

Денеска започнува новата сезона во Серија А, а Јувентус до својот прв натпревар ќе мора да почека до утре, кога му гостува на Удинезе.

Она што стана јасно на ден пред средбата дека не постојат никакви шанси во тимот да се врати доскорешниот капитен Леонардо Бонучи, кој дефинитивно е избришан од првиот тим.

Јувентус ги испрати до Серија А броевите на дресовите кои ќе ги носат фудбалерите во новата сезона, а на списокот воопшто го нема бројот 19, кој инаку му припаѓаше на Бонучи.

Тоа е уште еден знак дека нема никаква иднина за дефанзивецот во Торино, иако тој се обидуваше на секој начин да биде дел од Јувентус и во последната сезона од договорот.