сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Божицата е во првите два шешири, само еден светски првак нема да игра на Мундијалот и го исфрли Македонија (Фото)

Божицата е во првите два шешири, само еден светски првак нема да игра на Мундијалот и го исфрли Македонија (Фото)

Италија е единствената репрезентација што била светски првак и тоа 4 пати, а нема да игра на Мундијалот во Катар.

Аѕурите настрадаа против Македонија во Палермо, каде нашата репрезентација на 25. март приреди сензација со победа од 1:0 во полуфиналниот бараж за СП.

Пред ждрепката што ќе почне денеска од 18 часот во „Егзибицискиот центар“ во Доха сите останати селекции што имаат титули, предводени од Бразил кој е рекјордер со пет светски круни ќе го чекаат распоредот на мундијалските групи.

Ги има 7 и се распоредени во првите два шешири. Бразил со пет титули, Аргентина и Франција со по две и Англија и Шпанија со по една се во првиот шешир заедно со домаќинот Катар, Белгија и Португалија.

Вкупно 6 светски титули тежи вториот шешир, а сите ќе сакаат да ги избегнат Германците кои се четирикратни светски шампиони и Уругвај со две божици во колекцијата. Тука се и Хрватска, Холандија, Данска, САД, Швајцарија и Мексико.

Во останатите два шешири се селекции без ниту една светска титула, а еве го распоредот на сите четири шешити за ждрепката за мундијалските групи, а ќе ги има 8 со по 4 репрезентации.