Привремениот селектор на Бразил Рамон Менезес ги изостави напаѓачот Нејмар и голманот Алисон од тимот кој на 25 март во Тангер ќе одигра пријателски натпревар против Мароко.
Тоа ќе биде прв натпревар за Селесао откако беа елиминирани од Хрватска во четврт-финалето на Светското првенство во декември.
Нејмар се повреди минатиот месец на натпреварот на ПСЖ против Лил. Менезес, кој претходно раководеше со бразилските играчи до 20 години, не кажа зошто го изостави голманот на Ливерпул, Алисон, но рече дека сака да им даде шанса на новите играчи.
На списокот стави неколку играчи од младата репрезентација која во февруари го освои јужноамериканскиот шампионат.
Бразилската федерација продолжува да бара трајна замена за Тите, кој ја напушти селекторската клупа откако беше елиминиран од Хрватска на Мундијалот.
На списокот на Менезес се: голмани: Едерсон (Манчестер Сити), Мајкаел (Атлетико Параненсе), Вавертон (Палмеирас)
дефанзивци: Артур (Америка), Емерсон Ројал (Тотенхем), Алекс Телес (Севиља), Ренан Лоди (Нотингем Форест), Ибанез (Рома), Едер Милитао (Реал Мадрид), Маркињос (Пари Сен Жермен), Роберт Ренан (Зенит).
Играчи од средниот ред: Касемиро (Манчестер Јунајтед), Андреј Сантос (Васко де Гама), Андре (Флуминенсе), Жоао Гомеш (Вулвс), Лукас Пакета (Вест Хем), Рафаел Веига (Палмеирас)
Напаѓачи: Ентони (Манчестер Јунајтед), Ричарлисон (Тотенхем), Винисиус Јуниор (Реал Мадрид), Родриго (Реал Мадрид), Рони (Палмеирас), Витор Роке (Атлетико Параненсе).