Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите ќе ја напушти клупата веднаш по завршувањето на Светското првенство во Катар, што се игра во ноември и декември годинава.
Челниците на бразилскиот фудбал веќе разгледуваат потенцијални кандидати за селекторската функција. Претседателот Еднандо Родригез напомена тројца тренери кои се потенцијални идни селектори како Абел Фереира, Доривал Жуниор и Фернандо Диниз.
Тите е селектор на Бразил од 2016 година, а под негово водство тимот ја освои Копа Америка во 2019 година, а на СП 2018 испадна во четвртфиналето од Белгија.