среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бразил прв пат не победи во квалификациите, Аргентина рутински (ВИДЕО)

Бразил прв пат не победи во квалификациите, Аргентина рутински (ВИДЕО)

Бразил синоќа одигра само 0-0 на гостувањето кај Колумбија во рамки на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година.

„Кариоките“ прв пат не победија во квалификациите и по девет победи по ред конечно нивната серија застана во Баранкилја.

Аргентина рутиски стигна до трите бода против Уругвај со победа од 3-0. Лионел Меси го најави триумфот во 38.минута, а Родриго де Пол во финишот на првото полувреме зголеми на 2-0. Точка на натпреварот стави Лаутаро Мартинез во 62.минута.

На останатите натпревари, Чиле со 2-0 беше подобар од Парагвај, Венецуела со 2-1 го совлада Еквадор додека Боливија со минимални 1-0 славеше над Перу.

На табелата Бразил води со 28 бода, пред Аргентина која има 22, Еквадор е трет со 16, колку што има и Уругвај. Најдобрите пет репрезентации ги заокружува Колумбија со 15 бодови.