среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бразил првпат во историјата носеше црни дресови – со нив играше само едно полувреме! (ВИДЕО)

Бразил првпат во историјата носеше црни дресови – со нив играше само едно полувреме! (ВИДЕО)

Во знак на поддршка за борбата против расизмот, на пријателскиот меч против Гвинеја, Бразил во првото полувреме носеше црни дресови, во вториот дел настапи со традиционалните жолти, мечот го добија со 4-1.

Неодамна Винисиус беше мета на расистички навреди кога Реал Мадрид гостуваше кај Валенсија. Бразилската федерација реши мечот против Гвинеја да го посвети токму на борбата против расизмот.

Бразил за првпат во својата историја облече црни дресови, во нив играше само во првото полувреме, а во вториот дел излезе со традиционалните жолти.

Бразилците го добија мечот со 4-1. Жоелинтон и Родриго дадоа голови во првото полувреме, во вториот дел погодија Милитао и Винисиус.