вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бронзата за Белгија, Англија се враќа дома без медал

Бронзата за Белгија, Англија се враќа дома без медал

Во претпоследниот дуел од Светското фудбалско првенство 2018, селекцијата на Белгија попладнево ја победи Англија со 2:0 и го освои третото место.

До бронзата Белгија стигна со головите на Томас Муние во 4. минута и Еден Азар во 82. минута.

Белгија и во групната фаза ја победи Англија (1:0).

За Белгијците ова е најдобар резултат во историјата на Мундијалите. Тие на СП 1986 година во Мексико стигнаа до 4.место.

Утре од 17 часот во финалето на СП ќе играат Франција и Хрватска.