петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави: Не ми се допаѓа фудбалската филозофија на Мурињо

Чави: Не ми се допаѓа фудбалската филозофија на Мурињо

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Чави откри дека не му се допаѓа тактиката на тимовите предводени од Жозе Мурињо.

Триесет и осум годишниот играч на катарски Ал-Сад практикува офанзивен фудбал и не е симпатизер на одбранбените шеми, карактеристични за тимовите, предводени од Португалецот.

– Мурињо сака дефанзивен фудбал. Беше многу тешко кога со Барселона игравме против неговиот Интер. Тоа е неговиот стил и тој го практикуваше потоа во Челзи и Реал. Тој обрнува внимание на деталите, ги затвора слободните зони и не дава простори. Моите тимови никогаш нема да играат на овој начин. Јас сакам друг тип фудбал, истакна Чави. (МИА)