четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеферин: Можно е да се играат натпревари од Лигата на шампионите и во САД

Чеферин: Можно е да се играат натпревари од Лигата на шампионите и во САД

Несомнено е дека светската фудбалска организација (ФИФА) веќе подолго време планира дополнително да се афирмира во САД, а евидентно е дека за тоа размислува и УЕФА.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин навести дека во иднина во оваа земја би можело да се организира финалето на Лигата на шампионите, најпрестижното фудбалско клупско натпреварување.

Секако, САД не е членка на УЕФА, но во последните години сме сведоци на зголемен број натпревари кои се одржуваат на територии надвор од надлежноста на федерацијата која ги организира овие натпревари. Така, го видовме Купот на Италија и Шпанија на Блискиот Исток.

– Натпревари од Лигата на шампионите во САД? Можно е. Почнавме да разговараме на таа тема. Знаеме дека финалето во 2025 година ќе се игра во Минхен, а потоа ќе видиме – рече Чеферин говорејќи за американската спортска програма „Man in Blazers“.

Следното финале на ова натпреварување за кое се борат Реал Мадрид, Манчестер сити, Интер и Милан ќе се одржи во Истанбул, Турција. Финалето во ЛШ за 2024 година го доби лондонски „Вембли“, а во 2025 година на минхенската „Алијанц Арена“ ќе играат најдобрите тимови од Лигата на шампионите.