олемото дерби во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Челси заврши 1-1, сините цело второ полувреме го играат со фудбалер помалку, но се одбранија и дојдоа до заслужено реми.
Челси одлично го почна мечот, поведе во 22. минута со одличен гол со глава на Каи Хаверц по асистенција на Рис Џејмс.
Во судиското продолжение од првото полувреме, токму Рис Џејмс играше со рака на гол линијата, судијата му даде црвен картон и покажа на белата точка.
Сигурен реализатор на пеналот беше Мухамед Салах за израмнување на 1-1.
Во второто полувреме иницијативата ја имаше Ливерпул, бараше втор гол, но Челси одлично се бранеше, а на контри се обидуваше и да постигне гол.
Немаше трет погодок на мечот, Ливерпул и Челси ги поделија бодовите, тоа беше најреалниот резултат.