четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чичко Дончо купи сезонски билет за Вардар и порача – Да му помогнеме на клубот, да ја воздигнеме Македонија

Чичко Дончо купи сезонски билет за Вардар и порача – Да му помогнеме на клубот, да ја воздигнеме Македонија

Најтрофејниот македонски клуб Вардар и Комитите продолжуваат со акцијата „Купи сезонски билет“ која треба да го воздигне клубот и да му донесе солидна финансиска поткрепа за претстојната сезона по враќањето во елитата.

На акцијата се приклучи и легендарниот тренер Андон Дончевски, кој купи сезонски билет, но им порача на сите дека треба во овој момент да му помогнат на ФК Вардар.

„Да му помогнеме на Вардар, да ја воздигнеме Македонија. Ве поздравувам мои Комити, мои внуци, мои јунаци Македонски“, истакна Андон Дончевски.