вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чисти емоции: Марокански новинар стана хит со зборовите од пресот на репрезентацијата

Чисти емоции: Марокански новинар стана хит со зборовите од пресот на репрезентацијата

Победа на пенали на Мароко над Шпанија и пласманот во четвртфиналето на СП во Катар е историски ден за африканската земја која го постигна својот најголем успех на мундијалите.

Ретко кој очекуваше дека Мароко ќе стигне меѓу најдобрите осум селекции на турнирот, но тоа си го овозможија со максимална борбеност на сите натпревари и прецизност од белата точка на дуелот со Шпанија.

За тоа колку им значи овој успех на мароканските фудбалски фанови доволно говори емотивната изјава на еден од новинарите од оваа земја, кој јавно им се заблагодари на голманот Буну и селекторот Реграуи.

Новинарот немаше прашање, само го истакна величествениот момент за Мароко, а неговите зборови веднаш станаа вирални на социјалните мрежи.