понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Даниел Аврамовски потпиша за Сараево

Даниел Аврамовски потпиша за Сараево

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Даниел Аврамовски, кариерата ќе ја продолжи во Сараево. На трансферот на Аврамовски инсистираше новиот тренер на Сараево, Александар Васоски.

Аврамовски, деновиве ќе им се приклучи на новите соиграчи во Анталија. Аврамовски од септември е без клуб, откако ја раскина соработката со Кајзериспор.

26-годишниот фудбалер кариерата ја започна во Работнички, има играно за Македонија ЃП, Црвена звезда, ОФК Белград, Олимпија, Војводина и Вардар.