Ѕвездата на Манчестер Сити и репрезентацијата на Шпанија, Давид Силва, има план кариерата да ја заврши во своето родно место, Лас Палмас. Одличниот играч од средниот ред има уштедве години договор со тимот од Манчестер, кој планира да го одработи, а после тоа би сакал да се врати дома.
-Да, би сакал моето дете да расте таму каде што растев и јас. Се надевам дека ќе има иста можност како јас. Ако сака да се занимава со фудбал, јас ќе бидам тука да му помогнам, кажа Силва.
-Имам уште две години од договорот со Сити. Не знам што ќе биде после тоа. Ќе имам 34 години, ќе зависи од тоа како физички ќе се чувствувам физички и ментално. Вистина е дека би сакал да играм во Лас Палмас, но да почекаме уште две години.
Силва никогаш не играл за клубот од својот крај. Тој се прослави во дресот на Валенсија, а во Англија се пресели во 2010 година.