петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Давид Силва неизвесен за мечот со Ливерпул

Давид Силва неизвесен за мечот со Ливерпул

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека играчот од средниот ред Давид Силва може да го пропушти натпреварот од 12. коло од Премиер лигата против Ливерпул.

Шпанецот се повреди на саботната средба со Саутемптон (2: 1).

– На пет минути пред крајот на натпреварот, Давид ми кажа дека има болка во мускулите. Секогаш кога имате проблеми со мускулите, закрепнувањето трае 10 до 12 дена, изјави Гвардиола.

Натпреварот меѓу лидерот на табелата Ливерпул и актуелниот англиски шампион Манчестер сити ќе се одигра на 10 ноември