Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујне пред реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите со Реал проговори за својата форма.
– Колку сте свеж на крајот од сезоната е секогаш тешко прашање, но јас се чувствувам добро. Добив многу удари против Атлетико, но сега се е во ред. Многу сум среќен што сум во добра форма и поминувам многу натпревари, изјави Де Брујне.
Англискиот тим го доби првиот натпревар со 4:3. Реваншот ќе се игра вечер од 21 часот во Мадрид.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 28 мај на „Стад де Франс“ во Париз. Прв финалист е Ливерпул кој два пати го победи Виљареал во полуфиналните пресметки.