Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис нареди карантин во тренинг-центарот за Елиф Елмас и неговите соиграчи во Наполи затоа што Наполи освои само еден бод во последните три меча.
Ова буквално го отпиша Наполи од трката со Милан и Интер за Скудетото, па така Де Лаурентис јасно му порачал на Лучано Спалети и неговите соработници да останат во карантин за да се фокусираат само на фудбал и резултатите на екипата.