Стандардниот бек на Јувентус, Матија Де Шиљо, чиј договор истекуваше ова лето, ја продолжи соработката со клубот од Торино на уште три години, до јуни 2025, објави денеска Старата дама.
– Приказната продолжува. Матија Де Шиљо и Јуве ќе бидат заедно со 30 јуни 2025 година, се наведува во клупското соопштение.
Италијанскиот 29-годишен репрезентативец Де Шиљо е член на Јувентус од 2017 година, со исклучок на сезоната 2020/21 кога настапуваше како позајмен фудбалер во Лион.
Универзалниот дефанзивец оваа сезона одигра 29 натпревари во дресот на Јувентус, а се врати и во италијанската репрезентација по пауза од три години.