Половина час пред фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Црна Гора и Србија, на стадионот во Подгорица дошло до тепачка меѓу домашните навивачи на јужната трибина, а во близина на српските навивачи.
Во тепачката, како што јавуваат медиумите, учествувале десетина домашни навивач.
Медиумите пишуваат дека полицијата не интервенирала, а ситуацијата се смирила по неколку минути.